ФОТО:Поставено ново државно знаме во Куманово

Кумановци вечерва се приклучија на маршот во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Учесниците на маршот тргнаа од старата црква, продолжија да се движат по главните градски улици и за разлика од претходните вечери, овој пат застанаа во центарот на градот, непсоредно пред јарболот и го поздравија поставуавњето на новото државно знаме, кое припадниците на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија го поставија на јарболот.

Пред присутните се обрати, Јордан Пачков кој ги повика кумановци да го поздрават поставуавњето на знамето, кое што денеска, рече некои се дрзнаа да го спуштат.

- Не наседнуваме на провокации, си ја сакаме својата земја и не бараме ништо повеќе. Бараме сите оние кои што ги респектираме, кои што живеат на овие простори да не респектираат и нас, изјави Пачков.

Куманово, додаде во македонската историја секогаш се запишувало со златни букви.

- Го спуштивте нешето знаме. Ќе поставиме три пати поголемо, ако треба и десет пати поголемо, затоа што македонското знаме треба да се вее на македонски простор, додаде Пачков.

Им порача на политичарите дека народот се прашува за иднината на Македонија. а

 

 

 

31.03.2017 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега