МВР се огласи за инцидентот во Куманово

 Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека се приведени две лица од село Слупчане кои попладнево биле забележани како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот на плоштадот во Куманово.

- Попладнево во 15:55 часот од полициски службеници од СВР Куманово биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот лоциран на ул.„Гоце Делчев“ и поставуваат знаме на Албанија. При обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди. Во дејствието две непознати лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од село Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово, се вели во соопштението од МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот

 

 

 

31.03.2017 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега