РСБСП со важни препораки за велосипедистите

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска излезе со препораки до граѓаните за безбедно вклучување во сообраќајот со велосипед. Препорачуваат велоспидеот да се исчисти за да можат да се забележат евентуални дефекти, да се подмачка ланецот, да се проверат кочниците и да се подмачкаат со средство за кочници, како и да се проверат навојните делови и гумите.

Потребно задолжително да се проверат светлата и катадиоптрите затоа што на  велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

- Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај, идеален за кратки или умерени растојанија, со бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето.  Поголемата употреба на велосипедот во сообраќајот значи намалената потрошувачка на  фисилни горива, помало загадување на воздухот, намалување на бучавата  во населените места, намалување на сообраќајниот метеж, побезбеден сообраќај, повеќе места за паркирање..., се вели во соопштението од РСБСП. 

 

 

 

01.04.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега