ВИДЕО: УМС со пародија за Заев и СДСМ го одбележа 1-ви април

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, со пародија за СДСМ и Зоран Заев го одбележа Денот на шегата, 1-ви април.

-Јас, јасно и гласно пред цел овој народ, обзнанувам дека ја отфрлам Тиранската платформа, одбивам да има двојазичност на цела територија, одбивам да ја разнебитам Македонија. Јас никогаш нема да го сметам македонскиот народ за геноциден народ. Никогаш, ама баш никогаш не сум помислил Македонија да ја направам бинационална држава. Јас никогаш нема да помислам да се дебатира за промена на химната, знамети и името. Се колнам во унитарноста и суверенитетот на Република Македонја, жими исправенава кичма, АПРИЛИЛИЛИ, порачаа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

01.04.2017 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега