„За заедничка Македонија“: Маските паднаа, нема да поминат никакви обиди за Тиранската платформа

Бараме од сите политички чинители да се откажат од документ направен во соседна држава, документ кој не и носи добро на Македонија на долорочен план, ова го порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанскта иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Денеска по малку симболично на денот на шегата, денот на кој многу луѓе се маскираат, порачуваме дека не е време за шегување и дека паднаа маските. На сите им е јасно, никакви мимикри и обиди да се препакува, да се протне под некое друго име тиранската платформа нема да успее. Бараме од сите политички чинители, веќе 34-ти ден по ред и ќе продолжиме уште колку и да треба, мора да се откажат од потписот за документ направен во соседна држава, документ кој што не и носи добро на Република Македонија на долгорочен план. Повторуваме бидејќи е тоа актуелно, пет дена не успеаа, поради активноста на луѓето на улици, бараме да се спречи избирањето на претседател на Собранието кој што претходно нема да се откаже од тиранската платформа и да ја отфрли нејзината суштина, затоа сме и викендов овде, во оваа редовна викенд алтернативна програма, изјави Илиевски.

На новинарско прашање дали е можно граѓаните да влезат во Собранието, поради најавата на протестите дека дистанцата меѓу граѓаните и пратениците е премала, Илиевски изјави дека споменувањето на дистанцата е фигуративно и порака пратениците да знаат дека народот е тука.

-Нагласувањето на дистанцата меѓу пратениците и граѓаните е фигуративна и има за цел да кажеме дека сме тука, дека не се откажуваме од законодавниот дом, од парламентарците кои што ние сме ги делегирале и сме им дале задача да ни служат, да бидат наши пратеници таму. Значи дека сме тука, дека сме присутни, дека будно ја следиме нивната работа. Што ќе се случи во иднина ќе видиме, ние апелираме и се надеваме на нивна одговорност, за мигот во кој се наоѓаме сите и свеста за одлуките кои мора и не смее да ги донесат, мора да ја отфрлат тиранската платформа и не смее тиранската платформа да е агенда за формирање на некаква влада, изјави Илиевски

Еден од најголемите поддржувачи на граѓанската иницијатива, Дарко Мијалковски изјави дека народот нема да се откаже додека целосно не биде отфрлена тиранската платформа.

-Сега играме една игра, има па нема, ова што се случува со тиранската платформа, оние што ја создадоа сега глумат дека такво нешто не постои, самото тоа создава уште поголем револт кај иницијативата „За заедничка Македонија“ и сите нејзини поддржувачи, едноставно потценета е интелигенцијата на народот и затоа се создава уште поголем револт, затоа од ден во ден се собираме се повеќе и повеќе, да го изразиме револтот против тиранската платформа, изјави Мијалковски

Уште еден од најголемите поддржувачи Виктор Петров-Викса кажа дека ова движење станало дел од живеење и дека народот победува.

-Иницијативата денеска ужива во природа, исто како што ужива на улица кога треба да се направи нешто за општеството и она што го викаме татковина. Ова е дел од живеењето, ние победуваме, изјави Викса.

 

 

 

01.04.2017 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега