Кескоски за РСМ: Влада без мандат ќе продуцира конфликт

Доколку СДСМ и ДУИ го активираат планот Б и формираат Влада без мандат од претседателот Иванов тоа ќе продуцира конфликт. Ова е ставот на универзитетскиот професор Златко Кесковски. Во денешниот „Кворум“ на РСМ тој зборуваше за можните решенија за излез од кризата, како и за Манифестот со кој излезе ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме вонредна состојба на улиците, граѓаните го изразуваат својот револт од базата за формирање на Влада, а тоа е сеалбанската платформа. Таа база продуцира конфликт. Народот очекува политичарите да се свестат“, вели Кесковски.

Единствена институција како што вели професорот Кесковски која има легитимитет е претседателот Иванов и според него тој треба да понуди начини за излез од кризата. Како прв чекор смета тој е потребно свикување на лидерска средба и политичките структури да излезат од партиските ровови, па потоа да се договори експертска влада поддржана од сите партии која би спровела нови парламентарни избори. Според него таа влада би требало да спроведе и попис.

„За да ги совладаме етничките барања или етничките рововски позиции мора да имаме некаков договор помеѓу нас. Голем е јазот помеѓу политичките структури“, појаснува Кесковски.

Манифестот кој вчера го претстави ВМРО-ДПМНЕ вели тој е одличен основ за функционирање на една држава, но се сомнева дека ќе биде поддржан од другите политички партии.

„Како текст и предлог е одлична база, но анимозитетот меѓу партиите го става на страна како партиски предлог. Како основ за начин на функционирање на државата е одличен за една граѓанска држава која не фаворизира ниту една нација, но анимозитетот меѓу партиите го девалвира неговото значење“, заклучува Кесковски.

 

 

 

03.04.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега