Милошоски: По предупредувањето од колега од СДСМ дека многу зборувам, отворена истрага од СЈО за мене

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии на кои се гледа дека Специјалното јавно обвинителство почнува да врши притисок и врз него, но тој додава дека нема да го замолчат
antonio milosoki sobranie

-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,
– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,
– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!
Само продолжете, нема да не’ замолчите!, пишува Милошоски на Фејсбук.

antonio milososki dokument sjo

antonio milososki dokument sjo1

Во петокот Милошоски на Фејсбук информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма  со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие , отколку да бидам награден за велепредавство, напиша во петокот Милошоски.

 

 

 

04.04.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега