Странците доаѓаат и си заминуваат - Иванов никој не може да го премисли

Нема промени во ставот на Претседателот Иванов и покрај серијата јавни но и суптилни притисоци кои во последните месец дена пристигнуваат на негова адреса.
По еврокомесарот Хан, вчера кај Претседателот притисок се обиде да направи и претседателот на Советот на Европа Доналд Туск.
За разлика од Хан кој си замена без воопшто и да се ракува со Иванов, Туск оствари средба со шефот на државата но и тој од таму си замина со истиот одоговр.
Мандат за тужи платформи нема.
Покрај официјалните посети, добро упатените во политичката состојба во Македонија немаат дилема дека на Водно секојдневно доаѓаат разни емисари кои упатуваат пораки до Претседателот да попушти и да ја смени одлуката, но од она што може да се види до сега, Иванов цврсто стои на својот став.
Претседателот секојдневно добива поддршка од огромен број граѓани, а протестните маршови секојдневно поминуваат пред неговата народна канцеларија.
Претседателот Иванов реши да не го додели мандатот за формирање на нова Влада се додека СДСМ јавно не се откаже од платформата од Тирана. 

 

 

 

04.04.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега