Сменет директорот на кумановската гимназија откако се појавија скандлаозни фотографии на Facebook

Соња Тодоровска ќе седне во директорското столче во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, откако утринава досегашниот директор Горан Димитријевиќ по скандалот со објавени фотографии со експлицитна содржина си поднел оставка, пишува локалниот портал Кумановски Муабети.

Денеска добив од поранешниот директор господинот Димитријевиќ на свое барање под силниот притисок на јавноста во однос на оние немили сцени од социјалните мрежи и по негово барање он денеска е разрешен. Многу ми е жал, имавме добра соработка, една коректна, спортска личност која даде голем допринос во спортот и во физичкото воспитување во Куманово, меѓутоа тоа што се случуваше ќе остане дел од истрага на МВР и ги повикувам органите што побрзо да ја дадат својата разврска во однос на овој проблем – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Тодоровска е повеќегодишен просветен работник, наставник по македонски јазик и литература, а веќе три години е на позицијата заменик директор во училиштето. Таа ќе ја извршува функцијата вршител на должност додека не се формира Влада и да се распише конкурс за избор на директор.

Ветувам дека ќе го употребам целокупното мое знаење како наставник и како помошник директор во гимназијата, стекнато до сега во успешно раководење во училиштето, затоа што Гимназија „Гоце Делчев“ е најдоброто училиште во градот и меѓу најдобрите гимназии вор епубликата и само така треба да продолжи. Јас повторувам ќе се трудам што поуспешно да раководам и да чекориме по патот на успехот со нашите ученици – изјави Тодоровска.

Само за потсетување досегашниот директор Горан Димитријевиќ тврдеше дека под уцена некој се обидел да изнуди пари од него, откако одбил да уплати, фотографиите кои биле монтирани биле поставени на неговиот Фејсбук профил кој претходно бил хакиран.

 

 

 

 

 

04.04.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега