Трансфузиологија: Кесите со крв под Камениот мост не се наши

Кесите со крв кој биле пронајдени кај Камениот мост во Скопје не се кеси во кои се дарува крв, велат од Институтот за трансфузиологија за Press24.
„Ве информираме дека кесите кои се објавени на фотографијата не се кеси во кои се дарува крв, ниту пак се кеси за трансфузија на пациенти. Институтот за тансфузиона медицина е единствена установа во Републиката што поседува единствен вид на кеси за земање на крв, за што во прилог ви доставуваме фотографии од кои се гледа дека не одговараат со кесите кои се пронајдени под Камениот мост.

Се уште нема информација како овие кеси се нашле под Камениот мост и дали црвената течност во нив е крв. Доколку е така, постои опасност од евентуални зарази и болести. Се поставува и прашањето, кој ги расфрлил овие кеси, особено ако се има предвид дека Институтот за трансфузиона медицина е единствен кој врши трансфузија на крв и поседува резервни единици.

Медиумите утрово објавија фотографии на кои може да се видат расфрлани кеси во кои има црвена течност што личи на крв.

 

 

 

04.04.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега