Детали за трагедијата во Ражаничино: "Излегов да помогнам но им немаше спас, детето викаше по татка си"

Спиев кога ме разбуди силен тресот, помислив дека е земјотрес, а потоа излегов и што да видам, автомобил влетал во мојот двор, детето вриштеше. Ова за Дневник го раскажа Драган, сопственикот на куќата во Ражаничино во која влета автомобил Ауди А4 со голема брзина.

- Истрчав да помогнам но немаше спас. Возачот и совозачот беа мртви на лице место. Третото момче излезе, се држеше за глава и плачеше. Викаше "бабо, бабо", па сфатив дека возачот им е татко, а јас му дадов вода да се смири, вели Драган за страшната несреќа.

Сопственикот на куќата вели дека е среќа што во таа трагедија барем неговите внучиња кои биле во куќата останале живи.

- Среќа што внучето беше внатре, а не играше во дворот, го чуваме секој ден, вели Драган.

Инаку, несреќата се случи кога автомобилот Ауди со кој управувал 54-годишниот Шериф Сеидов од Драчево, престигнувајќи друг автомобил, загубил контрола и се забил во оградата од куќата во Ражаничино.

Починаа возачот и неговиот 24-годишен син.

 

 

 

05.04.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега