Хаос на скопските улици - повредени седум лица

Седум лица се полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во седум е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, како и 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 71 возило кои непрописно биле паркирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 63 возила. 

 

 

 

06.04.2017 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега