Ристовски: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе биде комплетно реконструиран (видео)

„Со задоволство можам да истакнам дека еден од најсериозните фокуси во последните три години во рамки на функционирањето на Владата беше подобрувањето на студентскиот стандард и воопшто на подобрување на условите за функционалност и студирање на младите луѓе“, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на ТВ Нова.

Тој додаде дека би ги издвоил реконструкциите и изградбите на деловите од студентските домови што беа едно од најклучните барања на младите во Република Македонија.

„Пред некој ден го официјализиравме завршувањето на градежните активности на вториот блок во рамки на студентскиот дом „Гоце Делчев“, познато како блок А, при што минатата година беше комплетно реконструиран блокот Б, и со тоа сега имаме два комплетно реконстуирани блока од четирите во рамки на овој студентски дом“, истакна Ристовски.

„Студентите започнаа процес со нивно селење во текот на минатата недела, се очекува од понеделник да бидат во новиот студентски дел со што ќе остават слободни блоковите В и Г коишто ќе продолжат со реконструкцијата за којашто веќе има и Министерството склучено договор со фирма изведувач и на тој начин дефакто 1400 легла во рамки на тој студентски дом, односно, сместувачкиот капацитет“, посочи Ристовски

Во продолжение целото интервју со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски

 

 

 

06.04.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега