Метео шок: Викендов температури до минус 4 степени

Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а дневнита ќе бидат во постепен пораст.

Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот кои ќе достигнат и до -4 С сериозно можат да ги загрозат овошките и виновата лоза, заради фактот што се наоѓаат во многуосетливи фази на развој а тоа се прецветување или почеток ан формирање на плод каде и температури од -1 С може да предизвикаат  штети.

 

Препорака до земјоделските производители да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни а тоа е периодот пред изгрејсонце, или пак со зачадување со палење на растителни отпадоци непосредно во парцелите.

 

 

 

06.04.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега