Вељановски ја прекина седницата после уличниот речник на пратениците од СДСМ

Трајко Вељановски за да ја смири тензичната ситуација која што настана на почетокот на седницата ја прекина поради уличниот и насилен речник на пратениците од СДСМ.

Не ви доликува така да се изразувате, не довикувајте, како не ви е срам со тие зборови да се изразувате, рече Вељановски и ја прекина седницата.

Вељановски во неколку наврати ги опомена пратениците од СДСМ да не дофрлаат од место и да покажат барем малку култура. Пратениците од СДСМ кои што очигледно секојдневно стануваат се понервозни со крајно вулгарен и уличен речник започнаа да довикуваат до Трајко Вељановски.

 

Сето ова се случи откако Оливер Спасовски се обиде да го погази Деловникот и да ја прекине точката за избор на Комисија за прашања за избори и именувања и да се премине на избор на Талат Џафери за нов претседател на собранието. Вељановски почитувајќи го Деловникот не дозволи вакво сценари и посочи дека според Деловникот најпрво точката мора да биде изцрпена па потоа да се премине на наредната, избор на претседател.

 

 

 

06.04.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега