Арсовска во Истанбул: Во ера на технолошки напредок, човештвото е на крстосница

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска денеска на вториот ден од 20. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул беше почесен гостин во рамки на панел сесијата посветена на предизвиците со кои се соочува човештвото во 21 век.

Таа истакна дека во ера на технолошки напредок, фокусот е изместен и наместо да се делува кон зголемување на економскиот развој, човештвото е на тест пред предизвици со кои не би требало да се соочуваме во 21 век. Посочи дека бегалската криза и опасноста од тероризам претставуваат вистински пример за тоа како безбедносните закани стануваат реалност, не само за Европа и Азија, туку и за целиот свет.

На панел сесијата покрај Арсовска присуствуваат и Сафет Софтиќ, претседател на собранието на ИЗ во БиХ, Акан Сувер, претседател на МГФ, Бегјан Какајанов, заменик министер за економија на Туркменистан и Кенан Храповиќ, министер за здравство на Црна Гора.

На вториот ден од Самитот, обраќање имаат и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер.

Човештвото на крстосница“ е тема на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул на кој присуствуваат претседатели на држави и влади и високи владини претставници. Овој економски самит на највисоко ниво се организира од 1998 година

 

 

 

06.04.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега