Ѓорчев: Имаме народ кој што е загрижен за иднината на оваа држава

Имате прилично лоша проценка која што е штетна за Македонија. Лошата
проценка е дали Република Македонија секој 10, 15 години може да
поднесува, нов и нов Рамковен договор, нови и ново редефинирање и кон
што може сетоа тоа да не однесе, потенцираше денес на Собраниска
седници, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Тој нагласи дека целата ситуација оди во насока која што не е добра за
Македонија со сите редефинирања и отварање на крупни прашања за
Македонија.

-Имаме народ кој што е загрижен за иднината на оваа држава. Дури да се
избере претседателот на Собранието и на Владата ако нешто не
испорачате за месец,  два или три тогаш ќе ви речат ќе ја напуштиме
Владата ќе влеземе во нова криза, значи кризата ќе се рециклира од
една во друга. Затоа што тогаш дури и да бидете во Владата барањата
кои што ќе ги добивате да ги испорачате ќе бидат секоја недела, а
заканата ќе биде рушење на владата, рече Ѓорчев.

Тој на крајот истака дека кризата требаше да се реши многу порано за
да не дојде во државата и до етничка криза.

 

 

 

06.04.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега