Илија Димовски: Не го блокираме Собранието

 На прес коференцијата на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димоски одговараше на новинарските прашања, и прашањето дали ја блокираат работата во собранието, како да се излезе од кризата и какви се нивните понатамошни чекори? 

-Беше соопштена една статистика за искористено време на досегашните 8 продолженија на седницата. Над 900 минути Собранието има искористено за процедурални дискусии. Околу 500 минути се искористени за редовниот тек на седницата, говори, реплики и контра реплики. Во број на процедурални убедливо прва група која што најмногу се јавува за процедурално е СДСМ. Доколку тие не се јавуваа толку често за процедурални забелешки денеска наместо до четвртиот веројатно ќе бевме на десетиот или единаесетиот дискутант. Така да ние апсолутно не го прифаќаме обвинувањето дека ја блокираме седницата напротив сакаме до максимум да ги искористиме сите со Устав и Деловник дадени права и слободи како што многу пати досега го правеле тоа и колегите од СДСМ и колегите од ДУИ и од други политички партии и да зборуваме јасно и отворено за сите постапки. Пак ќе повторам доколку не беа толкав број на процедурални досега немаше да бидеме на четвртиот говорник односно на петтиот ќе бевме веројатно на десетиот или единаесетиот- рече Димовски

 -Ние имаме суштински политички проблем во оваа ситуација. Суштинскиот политички проблем го гледате секојдневно дури и во дебатите помеѓу СДСМ и ДУИ. На една телевизиска дебата вчера, СДСМ и ДУИ имаа неусогласени ставови и на крај се согласија. Значи имаме проблем. Има договор за воспоставување на парламентарно мнозинство кој што никој не го видел и за кои што детали јавноста е силно сензилибирана. Зборуваме за промена на Закон за употреба на јазици и тоа со елементи кои што излегуваат надвор од Уставот. Зборуваме за некаква декларација за осуда на геноцид за кој што никој не кажува дали се случил, кој го направил и врз кого го направил. Зборуваме за дебата за промена на знаме, химна и грб на Република Македонија. Зборуваме за прифаќање на грчки услови за решавање на проблемот со името. Сето тоа треба да биде изнесено јавно пред граѓаните. Ние тоа го бараме, заради тоа што ништо од ова не беше предмет врз основа на кој што СДСМ доби легитимитет на изборите. Кога ние за време на изборите велевме, ние имаме чувство дека СДСМ е спремна да направи бинационална држава, тие велеа дека ВМРО-ДПМНЕ измислува и тера кампања и дека тоа е само во главата на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ. Денес стана тоа јавно. Тие ги излажаа граѓаните. Бараме да се објави се што е договорено. Низ нашите дискусии, реплики и контра реплики го повторуваме тоа барање- одговори Димовски

-Јас не сакам да зборувам за плановите на СДСМ иако ги знаеме и покажавме дека ги знаеме. Само апелирам да не навлегуваат во кршење на Деловник. Тоа ќе биде на штета на државата и на штета на секој еден граѓанин на Македонија. СДСМ не треба да ги фаќа нервоза и нетрпеливост заради тоа што пратениците имаат право да дискутираат. Доколку СДСМ соберат храброст да дадат одговори на прашањата, состојбата ќе биде сосема различна односно секој од нас како поединец без разлика дали е во политика или медиуми или надвор од сето тоа ќе знае да расудува и да си донесе став за себе. Криење на политички договори кои што задираат во унитарноста, во сувереноста и уставниот поредок на Република Македонија повеќе не е возможно. СДСМ на таков начин успеаја да го сменат знамето, ја прифатија референцата БЈРМ, успеаја да спроведат приватизација, успеаја да се откажат од Македонците кои што живеат надвор од Македонија. Повеќе никој нема намера да им дозволи да работат на штета на државните и национални интереси на оваа држава -изјави Илија Димовски на прес коференцијата.

 

 

 

 

 

06.04.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега