Демократските сили на Ромите со поддршка за „Манифестот“

Политичката партија Демократски сили на Ромите со поддршка за Манифестот за Единствена Република Македонија, кој ВМРО-ДПМНЕ го даде како решение за излез од кризата. Шабан Салиу лидерот на ДСР вели дека ја поддржува точката дека Македонија е татковина на сите кои живеат тука без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи и други националности.

-Ние како партија сметаме дека се содржани одредбите, наведени во Уставот, законите и меѓународните акти и сето она кое е потцртано во статутот на нашата партија, вели Салиу.

Тој кажа и дека ги поддржуваат точките каде се вели дека Македонија припаѓа на сите граѓани подеднакво кои живеат тука, без ралзика на нивната националност. Тој кажа дека неговата партија ги поддржува и соживотот и традициите кои се ставени во Манифестот, каде што се запазува мултиетничноста и мулти културата на Македонија.

-Даваме максимална поддршка за еднаквост на субјетктите пред законите, без разлика на наицонална, верска, општествена, политичка економска или друга припадност. Исто така го поддржуваме и владеењето на правото кое се залага за секој граѓанин, без оглед на која заедница припаѓа, како услов и можност за нивниот напредок, изјави Салиу.

Тој кажа дека ја поддржуваат и отворената пазарна економија. Тој вели дека почитувањето на човековите права е основно начело на неговата партија, а тоа е посебно наведено самиот Манифест, а тие максимално го поддржуваат.

-Целосно го почитуваме и наведеното дека треба да се запази и да се зачува државниот идентитет, како и идентитетот на заедниците и ние Ромите имаме свој идентитет, вели Салиу.

Тој кажа дека тие не се против ниту една заедница или да ги негираме правата на другите заедници, туку дека сакаат Ромите да ги имаат истите права. Тој вели дека како партија го поддржуваат и делот за верската толерација.

-Солидарноста и подготвеноста да му се помогне на сиромашниот е во духот на религионзите норми, изјави Салиу.

Подготвеноста да му се помогне на сиромашниот човек, е точка за која посебно се залагаат и ја поддржуваат, затоа што за ромската заедница таа е посебно корисна.

-Апсолутно мултиетничноста и мултикултурноста во општеството е од голема важност која Манифестот исто така ја декларира. Посебно во делот кај се заштитуваат правата на немнозинските заедници, меѓу кои се и Ромите, ја поддржуваме и таа заштита во единиците на локалната самоуправа, вели Салиу.

Тој вели дека Манифестот целосно го прифаќа граѓанскиот концепт на Република Македонија и како таков е од битно значење за Република Македонија.

 

 

 

06.04.2017 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега