Лашкоска: Нема да дозволиме СДСМ да не замолчи со цел да ја протуркаат Тиранската платформа

Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница рече дека тоа што денес се случува во Собранието е преседан. Таа напомена дека претресот за третата точка според Деловникот мора да трае додека точката не биде исцрпена со дискутанти кои се пријавиле за збор.

-Не може никој на средина на една точка кога има пријавено колеги за дискусија и реплики да побара да не замолчат и да ни се одземе зборот, рече Лашкоска.

 

Пратеничката додаде дека пратениците мора да го пренесат она што граѓаните секојдневно им го пренесуваат и дека никој нема да успее на сметка, да се протурка Тиранската платформа од страна на СДСМ, да ги замолчи.

 

 

 

06.04.2017 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега