УХМР со вонредна временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, во крајните западни делови со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, поизразен в долж Повардарието каде ќе достигне брзина поголема од 60 км/ч.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст. 

 

 

 

06.04.2017 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега