Рејтингот на СДСМ меѓу Македонците во слободен пад - партијата од Бихаќка се попривлечна за Албанците

Во текот на месец март 2017 спроведена е една од трите анкети кои треба да се спроведат од страна на Националниот демократски институт (NDI), поддржана од USAID.

СДСМ после изборите тоне кај македонското население, а се зголемува поддршката кај албанското население. 25.3% од Македонците не ја даваат поддршката на СДСМ, додека пак високи 36.9% од Албанците ја даваат поддршката на СДСМ.

 

Ова не е случај кај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи 19.1% од македонското население после изборите ја даваат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи е единствената партија која ги брани државните и националните интереси во рамките на институциите.

Од она што може да се види на анкетата е јасно различните ставови на Македонците и Албанците во однос на прашања поврзани со моменталната ситуација

На прашањето на сите испитаници на која од институциите најмногу им верувате, 33% најмногу му веруваат на Претседателот Ѓорѓе Иванов, додека пак на СЈО поддршка му дале 30.2%. Од она што може да се забележи е дека на Претседателот Ѓорѓе Иванов најмалку му веруваат албанското население, а најмногу македонското население му верува. Кај СЈО ситуацијата е дијаметрално спротивна, бидејќи најмногу доверба имаат од Албанците, а најмалку од македонското население.

 

На прашањето кој е излезот од политичката криза, дури 33.9% од македонското население сметаат дека нови избори се решението на кризата, а само 1.5% од Албанците. Огромни 71.9% од Албанците сметаат дека треба да се формира нова Влада преку парламентарното мнозинство, со тоа што се докажува фактот дека ја поддржуваат албанската платформа.

 

Исто така огромен е и процентот (20.1%) кај Албанците кои веруваат дека меѓународната заедница треба да ја реши ситуацијата, а само 3.3% од Македонците мислат така. Со тоа уште еднаш се потврдува фактот дека албанското население верува во остварувањето на Тиранската платформа сервирана од странските фактори.

 

За 44.2% од македонското население Тиранската платформа е целосно неприфатлива и треба да се отфрли, додека пак 64% од албанското население се против отфрлање на платформата и се за целосно нејзино имплементирање.

 

Македонското население уште еднаш е против формирањето Влада од страна на СДСМ, со тоа што огромни 43.8% се против формирање на Влада од страна на СДСМ бидејќи немаат мандат и ги изгубиле изборите, а додека пак високи 84.4% од Албанците сметаат дека треба да се формира Влада, со тоа што ќе им се остварат намерите на албанските партии за остварување на Тиранската платформа.

 

На телефонската анкета одговориле 807 испитаници, поделена на региони и националности и етнички заедници.

 

 

 

 

 

06.04.2017 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа