„За заедничка Македонија“ порача: Ако го повторат денешниот шверцерски обид, знаеме како да одговориме

И официјално денешниот обид на шверцерски начин да се избере Претседател на Собранието не им успеа. Не им успеа и нема да им успее. Ова е голема победа за сите нас.

Ова на денешниот масовен протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијатива.

Тој вели дека денеска не успеаја да изберат Претседател на Собранието, но тоа не значи дека нема повторно да се обидат.

-Мислеа дека ќе можат да не фатат на спиење, мислеа дека можат да не фатат на кондиција или на храброст. Па дали се нормални? Денеска се обидоа и не успеаја, тоа не значи дека нема да се обидат пак, меѓутоа, денеска победивме затоа што сме многу, затоа што сме сплотени, затоа што сме силни, затоа што ништо не криеме, затоа што ја сакаме оваа држава и нема да дозволиме никој да си игра со неа. Со народ не смеат да си играат. Со нас не смеат да си играат, тоа треба да им е јасно, порача Илиевски.

Вели дека формулата за победа е лесна, час и половина во денот посветени на Македонија, и како што вели, таа останува да биде земјата која ја сакаме.

Според него, ако не била граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, досега ќе успеаја да изберат Претседател на Собранието, ќе направеа инцидент.

– И власта ќе ја земеа оние кои од Македонија, мултиетничко општество за сите негови граѓани сакаат да направат бинационална држава, посочи Илиевски.

 

 

 

06.04.2017 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега