Осми април неработен ден

Следниот неработен ден за припадниците на ромската заедница во Македонија е 8 април, кога се одбележува меѓународниот ден на Ромите. Потоа следат два неработни денови, од кои 14 април петок е само за православните верници кога ќе се празнува Веики Петок, а во понделник на вториот ден Велигден нема да работат сите граѓани. 

Слден неработен ден ќе биде понеделник 1 мај, за сите граѓани кога ќе се празнува Денот на трудот. Неработниоте ден доаѓа по викендот, што значи дека е добра можност на кратко да се отпатува некаде.

Во продолжение неработните денови до крајот на годината.

За сите граѓани на РМ

 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (понеделник), Ден на Трудот

24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам

2 Август (среда), Ден на Републиката

8 Септември (петок), Ден на независноста

11 Октомври (среда), Ден на народното востание

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден

28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

 2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

06.04.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега