Изет Меџити нема да се кандидира за градоначалник на Чаир

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, најави дека дошло време да се даде можност на помладите генерации на ДУИ, па затоа на социјалните мрежи објави дека одлучил повеќе да не се кандидира за градоначалник на општината.

-По три мандати односно дванаесет години, дојде време да се создаде простор и можности за новите генерации на нашата политичка структура да го дадат својот придонес и знаење како и да ги покажат своите вештини и одговорност. За мене беше чест да се влезе во историјата како прв претседател на албанското мнозинство во општините во градот Скопје, стои во соопштението на Меџити на Фејсбук.

Меџити е потпретседател во ДУИ кој беше овластен од страна на раководството на партијата заедно со Теута Арифи и Невзат Бејта за преговори за формирање влада со СДСМ. 

Со новата одлука, неизвесно е дали тој ќе ја продолжи својата кариера во новата влада на ДУИ и СДСМ.

 

 

 

07.04.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега