Студен туш од БЕСА и ДУИ за Заев

Најголемите албански политички партии кои му ги дадоа потписите на Зоран Заев за исполнување на Тиранската платформа не се согласуваат и не ја прифаќаат програмата што ја промовираше СДСМ. ДУИ и БЕСА потврдуваат дека отстапките кон Албанците допрва ќе се прават.

Лулзим Алиу од Движењето БЕСА, во дебатната емисија „Патот кон“ на Алсат-М телевиизја изјави дека не се сложува со ставот на албанската пратрничка од СДСМ Ѓулумсере Касапи дека тие требало да ја поддржуваат програмата на СДСМ.

-Ние сме автономни субјекти кои имаме програма и наша мисија, рече Алиу.

На иста линија со Алиу беше и претставникот на ДУИ, Тахир Хани, кој рече дека нема зошто ДУИ и другите алобански политички субјекти да се содеинат околу програмата на СДСМ.

 

 

 

 

07.04.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега