Го избодел со нож поради недоразбирање во сообраќајот - се пролеа крв на среде улица во Тетово

Вчера околу 18:00 часот, на улицата „Кавкаска“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, тетовчаните Н.Р.(30), С.Р.(28) и Ф.Р.(38), физички го нападнале 38 годишниот тетовчанец  Ј.И.

Како што информираат од МВР, Н.Р. се збеснал и со нож го избодел Ј.И. Повредениот тетовчанец веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош. Тетовската полиција му го одземала ножот на Н.Р. и по целосно расветлување на случајот, тој ќе заработи соодветна пријава.

најчитано сега