Даштевски: Маските паднаа, народот е свесен што се случува и ѝ се подготвува на Македонија

Маските паднаа, народот е свесен за сé што се случува и ѝ се подготвува на Македонија. Време е да се каже  ЗА унитарна и суверена Македонија, веднаш брзи парламентарни избори..! НЕ за преговори на зелена маса, ДА за брзи парламентарни избори, изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, универзитетскиот професор Александар Даштевски.

-Историјата и сценаријата за распаѓање на Македонија се повторуват  од 2001 кога на овие простори, Сорос и неговите платеници на МКГ предводени од  Едвард Џозеф  хараа и ја разнебитуваа Македонија со познатите антимакедонски кампањи подпомогнати од соросовата филијала во Скопје, на чело со Милчин, Фрчковски и истите мрачни ликови кои во изминатите 25 години и нанесуваа само штети на Македонија отколу позитивни вредности, вели Даштевски.

Според професорот Даштевски, зачленување на Македонија во ООН под референцата БЈРМ се токму заслуга на клиентелизмот на марионетите на  Џорџ Сорос, кој јасно уште во 1992 година му објави војна на македонизмот во Македонија, а тоа се знамето, името, идентитетот  и се што е македонско..

Затоа, смета универзитетскиот професор пред 24 години свесно беше сквернавена силата на членот 2 и членот 4 од Повелбата на ООН со која на секоја држава кандидат во ООН и се загарантирани правата на самопределување и изјаснување за членство во светската асамблеја.

-Народот го препозна сценариото на Сорос и неговите следбеници, кое е преточено и во Тиранската платформа и цврсто реши за Евроатланска  заедничка Македонија со европски реформски концепт на унитарна држава со мултиетничка концептуалност, вели Даштевски.

 

 

 

10.04.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега