Јовановски: На денешен ден Јуда го предаде Бог за 30 сребреници, за колку сребреници денешниот Јуда сака да ја предаде Македонија?

Убав народ, убав ден- среда пред Велигден. Пред околу 2.000 години на денешен ден Јуда го предаде Христа Бога за 30 сребреници. За колку сребреници денешниот Јуда сака да ја продаде Македонија, запраша актерот Владо Јовановски, кој се обрати на денешниот граѓански протест за заедничка Македонија.

-Македонија не е на продажба, нема цена со која може да се купи крвта на нашите предци, подвлече Јовановски.

Оваа зграда пред нас, додаде тој, не е само обична сценографија, ова се нарекува народно Собрание, кое го сочинуваат народните избраници, се разбира ако се народни, а ако се однародени, значи дека не се наши пратеници.

-Не знам зошто и кој ги праќа да ја спроведуваат Тиранската платформа. Не знам и не сум сигурен дали се свесни и дали знаат што прават, но ние на овој ден, во очи на најголемиот празник Велигден, ќе кажеме: Прости им Боже, не знаат што прават.

Народот, рече Јовановски, одлучува за својата иднина.

-Македонскиот народ од политички објект стана субјект и самиот одлучува за својата иднина и судбина. 45 дена сплотени, во одбрана на своето, чекориме и го одиме патот одново и одново, ако треба илјада пати по толку ќе изодиме, но нема да клечиме со свиткана кичма.

 

 

 

12.04.2017 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега