45. ден протест: Граѓаните со прашање до Хан и Коцијанчиќ

Богдан Илиевски еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, упати прашање до шефовите на Европската унија, Јоханес Хан и Маја Коцијанчиќ и порача дека не треба да кажуваат дали и кога требало да избере претседател на Собранието.

-Дали во Брисел, дали било каде во Европа и во светот се ослободуваат судени или осудени затоа што припаѓаат на оваа или онаа етничка заедница, тоа треба да го кажат и Коцијанчиќ и Хан, а не да ни даваат ум дека требало претседател да избереме што побрзо, е затоа сме на улица, затоа сме на нашиот пат. Излеговме на нашата патека, кажавме дека нема одење дома, додека не се исполнат нашите барања, 45 дена тоа го потврдуваме и  ќе продолжиме се додека Тиранската платформа не е отфрлена и фрлена таму кај што и е местото. Местото не и е во овој парламент, ниту во владата, таму и таму место заслужува само нашата волја искажана на избори, ништо друго, изјави Иливески.

 

 

 

12.04.2017 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега