Илиевски ги праша „шарените“: Која е таа борба за уривање на т.н. режим, ако на крај едвај чекаш да коалицираш со половина од него

„Шарената револуција“ на денешен ден пред една година ги започна своите насилни протести, каде крадеа, палеа и кршеа објекти на државата и уништуваа споменици, токму на нив денеска се осврна и еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

-На денешен ден, минатата година на улица излегоа некои луѓе кои тврдеа дека се борат за правда, дека нема да се смират додека тоа не се оствари, некои од нас можеби и повеќето од нас, веднаш открија што се крие навистина позади тие нивни барања, денеска го имаме доказот, дел од тие луѓе се тука и едвај чекаат да коалицираат со албанскиот партнер на оној што тие го нарекуваа режим. Која е таа борба за уривање на т.н. режим, ако на крај едвај чекаш да коалицираш со половина од тој режим. Кое е тоа барање за правда, а те предводи човек кој бега од суд, како ѓавол од лук, која е таа борба за слобода и демократија, со руинирање на споменици, со кршење, палење, ограбување, со уништување на народниот имот. Баш затоа година дена подоцна, на овој ден одбележуваме 45 дена, како нивни сограѓани, на тие наши соседи, браќа и сестри, пријатели и познаници и ние сме на улица, 45 дена со љубов, со позитивна енергија, со борба за зачувување на унитарноста на оваа земја, изјави Илиевски.

Тој кажа дека има разлика меѓу граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и „Шарена револуција“, тој смета дека граѓаните во моментов се тука за да зачуваат својата држава, а дел од оние кои лани протестираа биле платени за да спроведуваат туѓи агенди.

-Тие со уништување, ние со љубов, тие со руинирање, ние со песна, тие деструктивни и агресивни, ние сплотени во ритамот на нашето срце кое чука за оваа земја. Има разлика, меѓутоа и местото на тие, барем не на оние кои се таму затоа што се платени или затоа што спроведуваат туѓи агенди, туку оние кои излегле од човечки причини, да го искажат револтот против власта, на ним местото им е тука, заедно со нас. Бидејќи сме тука за да градиме заедничка држава, не двојазична, не бинационална држава, мултиетничко општество за сите граѓани на оваа држава, горди граѓани си исправена кичма. Ние сме овде илјадници и илјадници секој ден, ако треба и 200 илјади, ако пратениците побараат и многу повеќе и нема да се откажеме, нема да им поминат лагите, нема да можат да бидат глуви на нашите барања. Денеска тоа повторно го докажавме, кажа Илиевски.

 

 

 

12.04.2017 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа