Љубчо Георгиевски: Панчевски ако нешто знае за мене, нека објави!

Љубчо Георгиевски денеска се огласи на Фејсбук. Истакна дека во последните десетина дена добил неколку непринципиелни напади од адвокатот Игнат Панчевски

- Прво, човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам освен сè што има компромитирачко за мене нека го предаде на институците, а може и јавно да го објави. Но ќе се задражам на две работи.Точно е дека во време на судењето во Хаг ,Панчевски со еден негов парнер дојдоа да ми понудат докази како одредени НАТО земји учествувале во борбата против Македонија. За тоа им исплатив околу дваесет и пет илјади евра и не добив ништо. Некакви писма на лош англиски божемни шифри и еден куп на фалсификат документи. Впрочем, истите тие може и денеска да ги објави ако не друго од историски аспект да ја расчистиме 2001, напиша Георгиевски.

Паралелно со тоа ми понудија докази за банкарски сметки на Бранко Црвенковски и Хари Костов, јас им ги платив, „Фокус“ ги објави. Веродостојноста ја заклучив врз основа на фактот што тие двајцата, Панчевски и неговиот партнер, во истото време ми организираа средба со Верушевски за која ја имам веке информирно јавноста.
 Мислам дека за сега е доволно!, заврши тој.

 

 

 

 

 

12.04.2017 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа