Гордана посредува за невести од Албанија: Ако таткото излаже дека е невина, настанува хаос

Посредувањето за невести од Албанија за мажи од Балканскиот регион не е некој новитет, а за ваква солуција во љубовниот живот најчесто се одлучуваат ергени од руралните средини каде е потешко да се најде девојка заради слабата населеност. На оваа тема и за тоа како оди процесот на „купување“ невеста од Албанија, српски Телеграф разговарал со Гордана Хајкоја која работи како преведувач во фирма за посредување.

– Заработката за преведувачите е одлична и има многу работа, па порано многу повеќе се бавев со тоа додека не почнав да студирам.

Како што раскажала таа, заинтересираните младоженци прво добиваат слики од околу 500 девојки, а од нив бираат неколку кои на прв поглед им се допаѓаат. Потоа треба да пополнат формулар за имотната состојба, дали можеби имаат деца, по што се договара патување во Абланија. Кога таму младоженецот ќе се одлучи за една, се договара состанок со целото нејзино семејство.

– На тие средби со целото семејство знаело да има и расправии и повишени тонови, особено ако таткото гарантира дека девојката е невина, а потоа се покаже дека не била. Тогаш настанува вистински хаос бидејќи младоженецот се чувствува оштетен, а парите веќе ги дал, раскажала Гордана.

2goca

Цените на услугите на агенциите варира од 3 до 6 илјади евра во зависност од тоа што бара младоженецот.

– Албанките во таа околина ако имаат над 20 години, а не се мажени, веќе им се врши притисок. На нив исто така и не им смета поголема разлика во години. Важно им е сопругот да ги почитува и да не ги малтретира, па често се одлучуваат за Срби или Црногорци. Не ги сакаат многу Албансците од Косово, бидејќи имаат репутација дека често ги малтретираат жените, додала таа.

– Имало и непријатени ситуации. Се сеќавам еднаш на невеста која се омажи преку нашата агенција, па избега со пари и злато. На богатиот домаќин му украла голема сума, а младоженецот само си ги бараше парите, нејзе не сакаше да ја види. Имало и барања од девојките кои сакаат да се вратат дома, бидејќи сопугот многу пие или ја малтретира, завршила таа.

Република

 

 

 

13.04.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега