ФОТО: Заев ја зема и Шекеринска на средбата со Рејчел

Делегација на СДСМ на чело со лидерот Зоран Заев, денеска оствари средба со специјалниот претставник на Германија, Ернст Рејчел.

Од СДСМ информираат дека на средбата се разговарало за политичката состојба во државава и актуелните теми, евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во регионов. Заев и Рејчел зборувале и за состојбата со слободата на медиумите и економската состојба во Македонија.

 

-Специјалниот претставник на Германија, Рејчел, ја изрази својата поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија. Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ изразија особено задоволство за остварување на денешната средба и се заложија за продлабочување на соработката во периодот кој следи, стои во соопштението од СДСМ.

 

 

  

најчитано сега