Македонци лечат неплодност со секс под “камените пениси“ на Кожуф

Брачни парови кои со години не можат да имаат деца, одат на планината Кожуф и водат љубов под камените столбови во форма на пениси надевајќи се дека тие ќе им помогнат да создадат потомство,  пишува „Вест“.

Столбовите познати и како камени кукли, се сместени на само неколку километри од детското одморалиште „Михајлово“ на Кожуф Планина. Според легендите камените столбови имаат моќ да излекуваат неплодност, а оваа долина сместена покрај реката Бошавица се нарекува Долина на плодноста.

 

Долината се наоѓа на 40 километри од Кавадарци, на 1180 метри надморска височина. Столбовите или т.н. камени пениси ги има на десетици. Тие се високи околу 15 метри, и повеќето имаат камен на врвот или “заштитна капа“, како што велат мештаните.

Извор: Вест

ФОТО: Вест