ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велика Сабота не пропушти да го изманипулира сопствениот народ, народниот суд ќе ги казни

СДС и на Велика Сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и манипулира сопствениот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава.

СДС е партијата која премолчено ја прифати Тиранската платформа со која се разнебитува државата.

СДС е пертијата која активно работи на реализација на Тиранската платформа.

СДС е партијата која е подготвена по секоја цена да се добере до власт, па дури и да реализира насилно сценарио за погазување на волјата на граѓаните, јасно изразена на избори.

Оваа партија е заложник на своето криминогено раководство кое за да избегне соочување со правдата покажа дека е подготвено да гази на се, на својот народ, на националните и државните интереси, на темелите на државата.

Правдата за криминалите ќе ги стигне ликовите од раководтсвото на СДС.

Народниот суд на следните избори јасно и недвосмислено ќе ја казни антидржавната и деструктивна политика на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!

 

 

 

15.04.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа