Малолетник убиен на влезот од Матка

Момче на возраст од 17 години е убиено на Матка при тепачка која настана по расправија меѓу повеќе момчиња.

Момчето е избодено со нож.  Од МВР го потврдија настанот кој се случил попладнево околу 15 часот. Во тепачка меѓу две момчиња родени во 1998 и 2000 година, починало 17 годишното момче.  Полицијата е на терен и ги утврдува причините за убиството. Засега нема информации кои се причините и мотивот за расправијата која потоа прераснала во тепачка со фатални последици.

 

 

 

15.04.2017 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега