Крвава Велика Сабота: Познат идентитетот на убиеното момче во Скопје

Момче на возраст од 17 години со потекло од скопското село Сарај беше убиено денеска околу 15 часот на влезот од Матка. Убиството го извршил осомничен 19-годишник од Шишево, откако двете момчиња прво имале расправија, а потоа почнале и тепачка. Од МВР го потврдија настанот, а осомничениот убиец е веќе уапсен. Според информациите, убиениот бил роден во 2000 година, а починал на самото место. Лекарска екипа излегла на терен, но била констатирана смрт. Тој бил прободен со нож во градите. Лицето можен сторител е приведено во полициската станица „Ѓорче Петров“ и се работи на расчитување на настанот, потврдуваат од МВР.

 

 

 

15.04.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега