Драма за Велигден во Македонија: Изгоре куќа на тричлено семејство

Попладнево изгоре куќа во Делчево во малото Пустевски ендек, дом на тричленото семејство Мустафови.

Командирот на ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски информира дека пожарот бил пријавен околу 18:45 часот при што е интервенирано со три противпожарни возила и 10 пожарникари.

- Успеавме за еден час да го локализираме пожарот. Станува збор за пожар којшто зафатил стар објект прилепен на други градби, односно приспособена куќа за домување. Во овој реон има и отежнат пристап за гаснење, тесни улички, населба од збиен тип, но не дозволивме да се прошири пожарот на соседните куќи, рече Атанасовски.

Според првичните сознанија, пожарот настанал од неисправна електрична инсталација. 

 

 

 

16.04.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега