Детали за хаосот во Скопје: Прегазил пешак, влегол во маркет и продолжил да вози

Вистинска драма се одвивала во Скопје на булеварот „Македонско Косовска Бригада“ во 7 часот и 40 минути, кога 42-годишниот Ќ.О. од Скопје управувајќи возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешак. Се работи за 29-годишниот Х.Р.  од Скопје кој паднал на улица, а возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан на лекување.

По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на Итна помош биле пренесени во болницата „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и истите биле пуштени на домашно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.04.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега