Лидерите на средба со Билд, Иванов одбива да разговара

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд кој од денеска е во Скопје, утре ќе оствари средби со партиските лидери, но не и со шефот на државата Ѓорге Иванов, дознава Пресс24. Од кабинетот на претседателот велат дека во неговата агенда не е предвидена таква средба. Неофицијални извори пак брифираат дека Иванов одбива средба поради како што велат непринципиелните ставови на Билд и обидите за мешање во внатрешните работи на земјата.

Претходно Иванов одби да се сретне и со високите претставници на Европската Унија, Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Според засега неофицијални информации Билд ќе оствари средба со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ како и со раководството на СДСМ. Официјална потврда за неговата агенда нема. Тој утринава на Твитер најави дека патува кон Скопје.

- Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, наведува Билд, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

 

 

 

17.04.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа