ВМРО-ДПМНЕ: Ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки бидејќи Заев ги прифатил сите уцени

Обврските на СДС кон нарко-мафијата што им помагаше на изборите и кон сите кои го негираат македонскиот идентитет, никогаш нема да бидат прифатени од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки само заради тоа што криминалецот Заев ги прифатил сите уцени.

Криминогеното раководство во врвот на СДС за да се спаси од затворски казни за бројните криминали подготвено е да дојде на власт по секоја цена, независно што тоа значи целосно реализирање на Тиранската Платформа.

Криминалецот Заев за да ги покрие своите криминали од Поткуп, Пуч, Цареви кули, па се до изборните измами тргуваше со највисоките државни и национални интереси.

Тиранската Платформа која му е скроена на Заев значи целосна двојазичност, промена на државните симболи, промена на името по грчки терк, федерализација  на државата и нејзина дисолуција во последна фаза.

За да формира Влада и да се спаси себе си од кривичен прогон Заев молкум ја проголтува секоја антидржавна изјава на Зијадин Села, кој Македонците ги прогласи за непостоечка нација, а државните симболи на Македонија не ги признава и сака да ги смени.

Заев молкум ја одобрува и секоја антидржавна изјава на Еди Рама, човекот кој му ја спакува Тиранската Платформа.

Македонија е заглавена во криза затоа што СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството граѓани кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Нови парламентарни избори заедно со локалните се најефективното решение за излез од кризата. На тие избори граѓаните ќе имаат реална можност да кажат што мислат за Тиранската Платформа и планот на Заев да ја редефинира државата.

СДС знае дека ќе биде казнет на избори од граѓаните и заради тоа почна и насилно да се пресметува со нив.

Граѓаните гледаат што и прави криминалното здружение СДС на државата и заради тоа се во толкав голем број на улиците во градовите низ Македонија. Тие со право се чувствуваат постизборно измамени.

Народот е на нозе!

Македонија се буди!

 

 

 

18.04.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа