Рама: Без ЕУ, можни се помали унии на Балканот

“Тиранската платформа е мит” а Балканот може да полуди ако ЕУ не го зајакне процесот на интеграција на овие земји во ЕУ. Ова е изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за влијателниот медиум “Политико”, во која тој вели дека тој само ја олеснил средбата на албанските партии од Македонија и воопшто не се мешал во внатрешните работи.

- “Митот дека албанските партии следат платформа напишана во Тирана беше креиран во Скопје од политички причини. Тоа е лага, мит со лош вкус креиран од политиката. нападите врз платфромата се опасни бидејќи тоа е политика која разгорува поделби а не заедништво…. Тоа е последна работа што и е потребна на Македонија, последна работа што ни е на сите потребна – разгорување на меѓуетнички конфликт бидејќи овие работи тешко се контролираат”, вели Рама за “Политико” и додава дека Европа ќе се соочи со “кошмар” ако ЕУ проширирувањето исчезне од агендата бидејќи Балканот “ќе полуди” и ќе стане “сива зона во која други актери имаат повеќе влијание отколку ЕУ”.

Според него, единствениот начин да се задржи Балканот мирен и кооперативен е да се држи патот кон ЕУ отворен, перспективата да остане јасна и емоциите кон ЕУ да останат позитивни.

 

 

 

18.04.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега