Димков: Не ни требаат никакви платформи, туку нови инвестиции

Пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ на продолжението на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, повтотрно како и на изминатите седници посочи дека на македонскиот народ не му е потребна никаква платформа, туку потребни се нови инвестиции кои што ќе ја раздвижат економијата и ќе отвораат нови работни места за граѓаните.

 

Димков додаде дека на таков начин се покажува грижата за сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми или други националности. Тој апелираше до пратениците од СДСМ наместо да се обвинуваат кој е поголем Македонец, да ја отфрлат Тиранската платформа и да се насочат кон реалните проблеми на граѓаните.

 

 

 

18.04.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа