Ахмети: Решението на кризата е кај македонските партии

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари средба со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билд. По средбата Ахмети кусо изјави дека решението за кризата во Македонија е во рацете на македонските партии.

– Решението за излез од кризата е кај македонските партии, изјави тој.

Инаку, Карл Билд денеска има средби со лидерите на политичките партии, но не и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

 

 

18.04.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа