Три годишно девојче од Чаир се бори за живот

3- годишната Санија настрада во сообраќајна несреќа. Автомобилот удрил во девојчето откако тоа се затрчало да ја земе топката, по играта со нејзините другарчиња во близина на главната улица кај џамијата Јахја Паша. 

Од МВР велат дека случајот е пријавен и дека истрагата е во тек.

“Околу 13:45 часот во градската болница е хоспитализирано дете кое што настрада од сообраќајна несреќа во населба Чаир во близина на џамијата “Јахја Паша“. Несреќата е предизвикана од автомобил од типот “Мерцедес“. Полицијата води истрага за расчистување на случајот“, велат од МВР.

3-годишното девојче веднаш било префрлено во Градската Болница, од каде за ТВ21 информираат дека во моментов таа се наоѓа на интензивна нега поради тешките телесни повреди.

“Девојчето Санија Љатфиу е донесено во бесвесна состојба, со повреди на главата, градниот кош, и двете потколеници, со обилно крвавење од устата, носот и левото уво. Девојчето, цело време од приемот до сега, е во коматозна состојба, поставена е на апарат за дишење, вршени и се ординирани повеќекратни трансфузии на крв, но без знаци за стабилизација. Нејзиниот живот и натаму е во опасност, а во поглед на шансите за преживување, се уште е рано да се даваат прогнози“, велат од Градска болница за ТВ21.

Семејството на Санија вели дека се вознемирени и апелираат до сите возачи повнимателно да возат.

“Само што дојдов од работа, ни рекоа дека ќерката на Џемаил е удрена со автомобил. Кога отидовме таму еден шофер ја донел неа во болница. Јас апелирам до сите возачи повнимателно да возат. Автомобилот кој ја удри Санија е од типот Мерцедес“, рече Фериз Криезиу, член на семејството.

Додека Санија е на интензивна нега, нејзиното семејство и соседите, се надеваат дека вестите од лекарите ќе бидат добри.

 

 

 

 

18.04.2017 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега