Жена од Кавадарци го заклучувала, тепала и му се заканувала дека ќе го убие сопругот

Кавадаревчанка доби условна казна, откако го заклучувала, тепала и му се заканувала на сопругот дека ќе го убие.

Семејното насилство не се случило само еднаш, но еден ден, го заклучила во спалната соба и му се заканувала дека нема да излезе од таму и дека ќе го убие и него и неговата мајка, при тоа удирајќи го по цело тело и кинејќи му ја облеката.

Поради вакво малтретирање судот изрекол привремена мерка заштита за сопругот, а шената е одстранета од домот, со забрана да се приближува.

 

 

 

 

 

 

 

18.04.2017 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега