Мукоски: Еди Рама со своите изјави е како портпарол на СДСМ

Пратеникот  Крсто Мукоски од ВМО-ДПМНЕ на денешното продолжение на Конститутивната седница изјави дека со најновите изјави на албанскиот премиер Еди Рама, тој се повеќе наликува на портпарол на СДСМ. Имено, пратениците од СДСМ секојдневно како аргументи ги користат изјавите на Рама во Собранието.

 

Мукоски им порача на колегите од СДСМ да ги пратат социјалните мрежи кога веќе не сакаат да ги слушнат граѓаните кои што протестираат и ќе се уверат дека многу членови на СДСМ исто така не се согласуваат со Тиранската платформа.

 

 

 

19.04.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа