РСЕ: ДУИ се враќа во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ се враќа во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ пишува Радио Слободна Европа цитирајќи изјава од партијата БЕСА во врска со вчерашниот став на лидерот на ДУИ, Ахмети дека решението на кризата лежи во договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Во оваа насока ние не сме најсигурни дека ДУИ не игра уште во полза на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа и излезот на кризата ја гледа преку меѓусебен договор СДСМ-ВМРО. По ваквата изјава на Ахмети сериозно се става во знак прашалник парламентарното мнозинство предводено од СДСМ. Ова е знак дека ДУИ повторно се враќа во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од БЕСА.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се менува. СДСМ бара мандат за нова Влада, а ВМРО-ДПМНЕ откажување од тиранската платформа и нови избори.

 

 

 

 

 

19.04.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега