Расветлена кражбата на накит од куќа во Гостивар - осомничено малолетно девојче
Полициските инспектори ја расветлија кражбата на златен накит и лап топ вредни над 300 илјади денари, која вчера утро беше пријавена во полициската станица во Гостивар. Според СВР Тетово, осомничена е малолетната ќерка на сопственикот на куќата која наводно спиела во времето кога се случил грабежот.
- Осомничената која нема наполнето 18 години, вечерта од регал во дневната соба го зела ранецот во кој имало кутија со разновиден златен накит (ланец, нараквици, ѓердан и друго) и преку прозорецот им го додала на двајца нејзини другари на возраст од 17 години, кои чекале во дворот. Лапотопот кој, исто така, бил пријавен дека е одземен, го ставила на друго место, по што вчера наутро исценирала пребарување низ просториите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
По пријавувањето, осомничената и двајцата малолетници се повикани во Полициската станица Гостивар, разговарано е со нив и пронајдени се сите одземени предмети.
Според пријавата од вчера, утрото помеѓу 7 и 8 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Н.О (52) на улица „143“ во Гостивар и незабележани поминале покрај кујната во која спиеле неговите две ќерки на возраст од 18 и 20 години.
По целосното рачистување на сите поединости, во консулатација и координација со јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа